ВИДЕО | Граѓанското движење „Аваја“ одржува мировен „Марш за правда“ против полициската бруталност

1 min read

Денеска граѓанското движење на Ромите „Аваја“ организираше мировен „Марш за правда“ откако Основниот Кривичен Суд Скопје донесе пресуда за случајот на полициска бруталност во Битола со која обвинетиот полициски службеник е прогласен за виновен и е осуден на казна затвор од една година.

– Пресудата за првпат одредува затворска казна од една година за полициска бруталност. Очекуваме Апелациониот суд да ја потврди пресудата и таа да стане правосилна. Ние ќе го следиме овој случај. Ќе следат дополнителни маршови и протести доколку пресудата се преиначи. Ќе бидеме поддршка за секој Ром или Ромка што се соочува со полициска бруталност, порачаа организаторите.

Имено, полицискиот службеник во вршење на службата го малтретирал оштетниот Н.Ј. на начин што при обезбедување на лице место по случена собраќајна незгода откако спрема оштетениот употребил полуга на левата и десната рака, го совладал и турнал на земјата и додека оштетениот бил легнат на земјата обвинетиот го удирал до клоци и тупаници по телото во пределот на главата, по рацете, по нозете, по грбот со што употребил прекумерна сила и спрема оштетениот постапил на начин на кој се понижува човечкото достоинство и човечката личност.

Полицаец од Битола осуден на една година затвор за малтретирање Ром

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Герасимовски: Преку акциите за чистење ја подигнуваме јавната свест за чиста општина и поттикнуваме здрави навики кај младите

Следно

ФИФА за првпат по 35 години ги менува правилата за баражот за СП

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian