ВИДЕО | Голем пожар во зграда во центaрот на Париз

1 min read

Во центарот на Париз денеска избувна голем пожар што зафати празни канцеларии на зграда во близина на Париската опера.

Во извештајот на весникот „Паризиен” се наведува дека во гаснењето на пожарот биле ангажирани 46 противпожарни тимови, поради што превентивно била затворена блиската метро станица „Опера”, а повеќе од 150 луѓе биле евакуирани од околните згради.

Целата населба била покриена со густ црн чад, а според париската полициска префектура, во пожарот нема жртви.

Пожарот бил изгаснат околу пладне, но од опожарената зграда сѐ уште излегува чад.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Сите очи вперени во Лејди Гага: Што се случува со нејзиното лице?

Следно

Заев: Вложувањето во здравјето и благосостојбата на децата е вложување во општеството и во иднината

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian