Љубовта на бодибилдер и дебелка жена под лупа: Зарем не се плашиш дека ќе те изневери?

3 mins read

Дека вистинската љубов не бара совршен изглед и не oбрнува внимание за вишокот килограми вистински доказ се Алиша и Скот кои се заедно уште од средно училиште.

Иако на Скот, кој е мускулест бодибилдер, не му пречи што неговата сопруга Алиша е покрупна жена, како што велат, луѓето постојано ги осудуваат и не можат да поверуваат како таа успеала да најде толку згоден сопруг.

Алиша го запознала својот сопруг Скот во средно училиш“те, а заедно се веќе 15 години, од кои пет години се во среќен брак. Таа често објавува видеа на социјалните мрежи, а луѓето постојано ја прашуваат дали е загрижена дека ќе ја изневери нејзиниот сопруг прашувајќи се зошто воопшто е со неа со оглед на тоа што Скот е мускулест, а Алиша, не.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alicia Mccarvell (@aliciamccarvell)

Во описот на едно видео, Алиша напиша: „Луѓето мислат дека единствените жени на кои им се случува невество се дебелите жени“. Понатаму ги наведува сите прашања што и се поставуваат бидејќи е мажена за мускулест маж. „Зарем не се плашиш дека ќе те изневери? Воопшто не“. „Дали те тера да одиш во теретана? Тој не ме „тера“ ништо. Грижете се за вашата врска“.

Иако Алиша редовно вежба и објавува видеа од тренинзите, луѓето сè уште ја осудуваат за нејзината „нездрава“ тежина и се прашуваат како успеала да привлече толку убав маж.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alicia Mccarvell (@aliciamccarvell)

Во еден коментар, еден корисник напиша: „Како се справуваш со твојот маж? Треба да ги знам твоите тајни!“. На што, Алиша одговори: „Тој не ме поседува ниту мене, ниту правата на моето тело, никогаш не ми кажал дека треба да изгледам на одреден начин“.

Алиша, која исто така била дел од натпревари во бодибилдинг, изјави дека искуството ја направило исклучително слаба и нездрава и користела нездрави методи за да дојде до посакуваната тежина, а сега одлучила на прво место да ги стави своето здравје и среќа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alicia Mccarvell (@aliciamccarvell)

Повеќето корисници на социјалните мрежи имаат само позитивни коментари за нејзините видеа, а многумина изразија поддршка за Алиша и рекоа дека нивната содржина секогаш ги насмевала.

На маж никогаш не би му биле поставени овие прашања“; „Те следам тебе и твојот сопруг некое време и само треба да ти кажам дека уште повеќе верувам во сродни души. Не е важно како изгледа некој“; „Толку ме растажува што луѓето те осудуваат! Зарем не можат да сфатам дека сте среќен пар?“, беа дел од коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alicia Mccarvell (@aliciamccarvell)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Перез не се откажува од Суперлигата: Мора да ја потсетиме УЕФА кој е Реал Мадрид

Следно

Лозинки што лесно се пробиваат: Згодно за помнење, згодно и за хакери

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian