Уапсени двајца вработени во „Железници Транспорт“ по пријава дека копале криптовалути

1 min read

Двајца вработени од „Железници Транспорт“ вчера биле приведени во полиција по пријава дека во службена канцеларија копале криптовалути, потврди Министерството за внатрешни работи за „360 степени“.

Инспектори од Единицата за економски криминал при СВР Скопје и полициски службеници од ОВР Аеродром вчера ги лишиле од слобода М.У.(63) и Д.П.(38), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Случајот во МВР го пријавил раководно лице во претпријатието, откако забележал поголема потрошувачка на струја поради што се посомневал во копање на криптовалути.

„Постапувајќи по пријава примена во 18.30 часот од страна на раководно лице во Железници на РСМ – Транспорт, според која во канцеларија опремена со компјутери, во која биле неколку вработени, забележал поголема потрошувачка на струја поради што се посомневал во копање на криптовалути, полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки и активности ги привеле двете лица вработени Железници, кои ја користеле канцеларијата, при што било извршено и запечатување на просторијата. По расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Ким Кардашијан помогнала во евакуација на авганистански фудбалерки во Велика Британија

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Пендаровски: Да не дозволиме ниту едно дете да ни е на улица, надвор од образовниот систем, маргинализирано или злоупотребено

Latest from Blog

Челси го купува Кунде

Дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде ќе биде првото заилување на Челси откако ќе биде официјализирана продажбата

MacedonianEnglishAlbanian