Тренерот на Вердер си поднесе оставка бидејќи фалсификувал ковид сертификат

1 min read

Тренерот на Вердер, Маркус Анфанг си поднесе оставка откако германските власти покренаа истрага против него поради сомнежи дека користел фалсификуван ковид сертификат.

Вердер ја потврди оваа вест, а покрај Анфанг, од клубот си замина и неговиот помошник Флоријан Јунг кој исто така користел фалсификуван ковид сертификат.

– Поради големиот стрес кој го предизвикав на сите во клубот, во тимот, но и на моето семејство, одлучив веднаш да поднесам оставка на тренерската позиција во Вердер. Побарав од клубот да го поништи мојот договор и тоа е направено – изјави сега веќе поранешниот тренер на Вердер.

Анфанг притоа истакна дека не го направил тоа за што го обвинуваат германските власти.
– Два пати сум вакциниран во офцијален центар за вакцинација, таму добив етикети кои ги ставив на жолтиот ковид сертификат како што го прават сите вакцинирани луѓе. Потоа тие податоци се дигитализираат во апотека и сметав дека сее во ред. Се надевам дека ова недоразбирање ќе се реши многу брзо – додаде Анфанг.

Вердер моментно се наоѓа на осмото место во втората Бундеслиха откако минатата сезона испадна од најсилната германска лига.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ИСТРАЖУВАЊЕ: Кои мерки најмногу штитат од ковид-19

Следно

Пред православната црква во Грачаница се појави табла со благодарност за муслиманите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian