Ракип: Многумина ја потценуваат Македонија, би било забавно да се сретнеме со Шведска

2 mins read

Фудбалската репрезентација на Македонија за прв пат во својата историја ќе игра бараж за пласман на Светско првенство, а противниците ќе ги дознае наредниот петок.

На ждрепката која ќе се одржи во Цирих (17 часот), Македонија во првата рунда од баражот ќе игра против една од шесте репрезентации носители, Португалија, Италија, Шведска, Русија, Велс и Шкотска.

„Рисовите“ имаат најмал коефициент меѓу сите 12 репрезентации кои ќе играат во баражот, и речиси сите ја посакуваат Македонија за противник, но „најновиот“ репрезентативец Ердал Ракип смета поинаку. Според фудбалерот на Малме, Ракип кој израсна во Шведска и беше дел од младинските репрезентации на оваа држава, Македонија има убава шанса да го помине баражот и да се пласира на Светското првенство. Во интервју за шведските медиуми изјави дека доколку се падне Шведска за противник шансите се „50-50“.

– Многумина ја потценуваат Македонија и начинот на кој играме, а мислам дека баш играме добар фудбал. И тоа што е најважно, небитно е со кого играме, зашто сакаме да ја играме нашата игра теренот. Имаме многу добри фудбалери кои играат во странство. Да, недостига Пандев во нападот и можеби има дупка, но има нови млади фудбалери кои доаѓаат. Во баражот има многу добри селекции, ама мислам дека баш забавно би било да се сретнеме со Шведска. Не би рекол дека тоа би било ждрепка од соништата, ако играме со Шведска, зашто сите селекции имаа одлични настапи во своите групи и неважно е кого ќе добиете. Јасно е дека секој би сакал да ја избегне Италија или Португалија, кои се најтешки противници, па затоа не може да кажете „идеална“ ждрепка би била Шведска, ама би била секако подобра одошто да ја добиете Италија или ПортугалијаАко по некоја случајност ни падне Шведска, шансите ќе бидат 50-50, иако ќе се игра во Шведска. Се ќе зависи од тоа кој ќе има подобар ден и кој подобро ќе ја заврши својата работа на теренот, а тоа е максимална концентрација во текот на целиот меч – изјави Ракип.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Филипче: Граѓаните имаат избор или да направат ПЦР тест што ќе го платат сами, или да се вакцинираат бесплатно

Следно

Во Хрватска приведена жена која им се заканувала на членовите на Кризниот штаб за справување со ковид-19

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian