Пред православната црква во Грачаница се појави табла со благодарност за муслиманите

1 min read

Неформална група граѓани поставила натпис со благодарност за муслиманите оти го сочувале православниот Храм на вознесението Господово во Грачаница за време на војната.

Натписот се појавил пред неколку дена, пишува Кликс.ба, а на него пишуваше: „Благодарност за сите муслимани кои ја сочуваа црквата за време на војната 1991-1995 и во сите идни денови“.

На крајот од пораката стои зборот Озрен кој се однесува на истоимената планина од каде со граната е урнато минарето на Бела џамија во Грачаница.

По овој чин жителите на Грачаница се организирале да чуваат стража околу црквата за да не се случи некој злонамерен да урне дел од храмот кој во 2013 година е прогласен за национален споменик на Босна и Херцеговина.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тренерот на Вердер си поднесе оставка бидејќи фалсификувал ковид сертификат

Следно

Крајот на годината носи промени за сите хороскопски знаци: Што ве очекува?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian