Нутритивна БОМБА: Ова овошје треба да го јадете секој ден!

1 min read

РЕДОВНОТО консумирање овошје има бројни здравствени придобивки, особено различни видови овошје. Меѓутоа, доколку барате едно овошје кое ќе ви ги обезбеди сите хранливи материи во една порција, изберете малини. Зошто? Тие се убедливо најдобри со оглед на количината на диетални влакна што ги содржат.

Една чаша малини содржи осум грама влакна. Тие можат да помогнат во исфрлањето на токсините од телото, како и при воспаление на цревата и губење на тежината.

Покрај тоа, малините се богати со витамин Ц, манган, витамин К, железо, магнезиум, фосфор, калиум, бакар, тиамин, калциум, цинк и витамини Е, А и Б6.

Има и антиоксиданси, кои, пишува Healthline, се важни за здравјето на клетките кои се борат со оксидативниот стрес. Високиот оксидативен стрес е поврзан со болести како што се рак, дијабетес и срцеви заболувања. Дополнително, докажано е дека антиоксидансите имаат својства против стареење.

Што е со другите бобинки?

Вкупните придобивки што би ги добиле од другите бобинки не се ни приближно исти. Боровинките се одличен извор на истите хранливи материи, но не содржат ни приближно толку влакна (3,6 грама). Јагодите се помалку калорични и богати со витамин Ц, но повторно имаат помалку влакна (3 грама).

Иако се препорачува јадење малини, консумирањето разновидно овошје може да гарантира дека ги внесувате сите видови витамини и хранливи материи потребни за добро здравје. Малините можат да се наречат најдобро овошје само поради количината на влакна што ја содржат.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Мерима Његомир пред само 10 дена зборуваше за својата состојба: Болни зборови полни надеж

Следно

ИСТРАЖУВАЊЕ: Кои мерки најмногу штитат од ковид-19

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian