На Австралија Опен ќе играат само вакцинирани тенисери и тенисерки

1 min read

Директорот на турнирот во Мелбурн, Крег Тили потврди дека на Австралија Опен ќе може да настапат само вакцинираните тенисери и тенисерки.

Тили повтори дека одлуката на властите на сојузната држава Викторија да им забрани влез на невакцинираните луѓе е цврста и јасна од самиот старт на преговорите со федералната влада и организаторот на грен слем турнирот.

– За да дојдете во државата Викторија и да учествувате на Австралија опен, мора да бидете вакцинирани. Тоа одамна им е кажано на тенисерите. Сите морам да бидат вакцинирани, и играчите и персоналот – изјави Тили.

По оваа одлука на државата Викторија, главно прашање е дали дел од турнирот ќе биде првиот тенисер на АТП ранг-листата, Новак Ѓоковиќ кој досега не откри дали е вакциниран или не. Ѓоковиќ неколку пати повтори дека вакцинацијата е приватна работа и не сака да зборува јавно.

– Новак кажа дека вакцинацијата за него и приватно прашање и оти нема да зборува јавно. Го сакаме Новак тука, се надевам дека ќе дојде – порача Тили.

Австралија Опен треба да се одржи од 17. до 30. јануари, а минатата сезона титулата ја освои Новак Ѓоковиќ, кој е рекордер со девет победи

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Поддршка за мерките ако помогнат да бидат вакцинирани 130.000 административци

Следно

Стоматолог Илија Караманов: Периодонтити – една од најчестите причини за вадење на забите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian