Мерима Његомир пред само 10 дена зборуваше за својата состојба: Болни зборови полни надеж

2 mins read

Српската пејачка Мерима Његомир почина на 20 ноември во Белград, на 68-годишна возраст.

Почина српската пејачка Мерима Његомир

Пејачката пред само 10 дена за „Pink.rs“ зборуваше за својата состојба, велејќи дека им верува на лекарите. Како што пренесуваат српските медиуми, Мерима боледувала од рак…

„Здравствено се чувствувам лошо, се борам со тешка болест. Со големиот тим од експерти и лекари, се надевам дека ќе се изборам со оваа тешка болест. Ја користам целата моја сила и целата енергија што ја имав во претходните години за да се изборам. Многумина се избореле, се надевам дека ќе се изборам и јас, мислам позитивно“, изјави Мерима на 10 ноември, додавајќи дека нејзините деца се нејзините најголеми сојузници во борбата:

„Со голема помош и поддршка од моите деца, како и пријателите и колегите кои се јавуваат и за кои гледам дека ме сакаат, некако ми е полесно и се надевам дека на најдобар начинќе можам да се изборам со ова. Што да кажам… Се разболев како милиони луѓе што се разболуваат во светот, па, за жал, тоа ме погоди и мене“, откри таа.

„Јас која отсекогаш експлодирав од енергија, но кога ќе се појави болката тогаш всушност сте препуштени на себе и секако на оние околу вас, а моите четири деца се максимално со мене и се борат со мене, па се надевам дека ќе го победам сето ова. Ми останува само борбата“, заклучи тогаш Мерима.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Загреб протест против ковид потврдите

Следно

Нутритивна БОМБА: Ова овошје треба да го јадете секој ден!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian