Медведев е во финалето во Торино, го чека или Ѓоковиќ или Зверев

1 min read

Рускиот тенисер Данил Медведев е првиот финалист на завршниот АТП мастерс кој се игра во Торино.

Бранителот на трофејот во првото полуфинале во два сета со 6:4,6:2 го совлада Каспер Руд за 78 минути игра и во утрешното финале ќе игра со подобриот од второто полуфинале во кое се среќаваат Новак Ѓоковиќ и Александер Зверев.

Медведев доминираше против осмиот тенисер на светот, а за тоа како играше Русинот најдобро говори податокот дека на својот противник не му препушти ниту една брејк топка. Русинот три пати го одзеде сервисот на Руд, еднаш во првиот и два пати во вториот сет за втора победа  над Норвежанецот во вториот меѓусебен дуел.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Филипче: Да им помогнеме на децата здрави и безгрижни да ги остварат своите соништа

Следно

Во Загреб протест против ковид потврдите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian