Мајкл Медсен се приклучува на тимот на „Јужен Ветар“ во новата сезона од серијата

1 min read

Актерот Милош Биковиќ и режисерот Милош Аврамовиќ на социјалните мрежи споделија дека американскиот актер Мајкл Медсен ќе се приклучи на актерската екипа на „Јужен Ветар“.

Како што напиша Биковиќ, Медсен треба да глуми во следната сезона од серијата.

„Добредојде во тимот на „Јужен Ветар“! Мајкл Медсен ќе игра една од улогите во следната сезона на серијата, напиша Милош на Твитер.

Веста ја потврди и режисерот Милош Аврамовиќ кој на Инстаграм ја сподели фотографијата на Мајкл и му посака добредојде.

Мајкл Медсен има големо актерско искуство, а гледачите досега можеа да го видат во хитови како што се Donnie Brasco, Reservoir Dogs, Kill Bill и Hateful Eight.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Принцезата Шарлин на лекување во институција надвор од Монако: Принцот Алберт проговори!

Следно

Голем пожар во ромски камп во Гренобл каде живеат Македонци и Албанци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian