Крај за Ѓоковиќ, Зверев си закажа финална пресметка со Медведев во финалето на завршниот мастерс

2 mins read

Германскиот тенисер Александер Зверев е вториот финалист на завршниот АТП мастерс кој се игра во Торино откако во полуфиналето по голема борба го совлада Новак Ѓоковиќ во три сета и тоа со 7:6,4:6,6:3.

Германецот во најголем дел од мечот го диктираше ритамот на игра, а од голема помош му беше одличниот сервис и на крајот дојде до втората победа над Ѓоковиќ оваа година. Сега скорот помеѓу овие двајца тенисери е 7-4 во корист на Новак. Зверев кој во 2018 година славеше за завршниот мастерс, во финалето ќе игра против актуелниот шампион Данил Медведев.

Првиот сет започна со одличен сервис на двајцата тенисери, во првите осум гема немаа никакви проблеми, а во деветтиот гем Ѓоковиќ ја имаше првата брејк топка, но Зверев со одличен сервис се спаси. Во наредниот гем, Зверев имаше две брејк топки, но овој пат Ѓоковиќ со сервис-волеј игра не дозволи брејк, по што следеа два сигурни гема на свој сервис за двајцата тенисери и првиот сет замина во тај-брејк.

Во него, подобро се снајде Зверев кој направи два мини брејка, наспроти едниот на Ѓоковиќ и на крајот славеше со 7:4.

Во вториот речиси идентична слика од првиот, двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис се до деветтиот гем. Во него, Ѓоковиќ ја имаше првата брејк топка која не ја искористи, но затоа беше сигурен на втората и поведе со 4:5, а потоа на свој сервис обезбеди израмнување на 1:1 во сетови и го однесе мечот во одлучувачкиот трет сет.

Тука подобар беше Зверев, во четвриот гем направи брејк за водство од 3:1 и  откако во наредниот гем спаси две брејк топки, успеа да го скрши отпорот на Ѓоковиќ и на крајот славеше со 6:3 во третиот сет кој го однесе во финалето каде го чека Данил Медведев.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Селма Хајек доби ѕвезда на Булеварот на славните: Ми рекоа да се вратам на теленовелите, не се откажав!

Следно

Нема ниту 1.000 следбеници на Твитер, но заигра против Арсенал

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian