Кисела Вода доби мерна станица за квалитет на воздух

1 min read

Мерна станица за квалитет на амбиентален воздух е поставена во паркот „Македонија“, веднаш до Домот на култура.

– Преку заедничка соработка на Општина Кисела Вода и Градот Скопје, жителите на овој дел од градот, за прв пат добија инструмент со кој се мери состојбата на воздухот. Се мери концентрација на PM10, NO2, SO2, CO како и температура, влажност на воздух и брзина на ветар и истите се ажурираат на секои 5 минути. Аирпоинтерот поседува и дисплеј што овозможува резултатите од мерењето да бидат видливи во секој момент. Истите резултати се достапни и на официјалната веб страни на Општина Кисела Вода, како и на порталот на Град Скопје, информираат од општинската прес-служба.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, најави дека во наредниот период вакви мерни станици ќе се постават околу сите големи загадувачи. Од општината посочуваат дека борбата за здрава животна средина, борбата со загадувачите, ќе биде бескомпромисна, изјави тој. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Што прави денеска: Павле Камилоски, пејач

Следно

По одлуката за карантин: Шаленберг им се извини на Австријците кои ја слушале државата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian