Ким Кардашијан помогнала во евакуација на авганистански фудбалерки во Велика Британија

2 mins read

Непрофитното американско здружение „Tzedek“ во соработка со британскиот фудбалски клуб и ријалити ѕвездата Ким Кардашијан им помогнаа на членовите на женската авганистанска фудбалска репрезентација да отпатуваат во Велика Британија, пренесува „AP“.

Моше Маргарет, основачот на „Tzedek“ и претходно соработувал со 41-годишната Кардашијан за реформите во американското кривично право.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

Ким и нејзиниот бренд „SKIMS“ финансирале авион со кој допатувале членовите на фудбалската репрезентација и нивните семејства.

„Само еден час по нашиот разговор на „Zoom“, добив порака во која пишуваше дека Ким сака да го финансира тој лет“, откри Маргарет.

Авионот превезувал повеќе од 30 тинејџери и нивните семејства. Откако Кабул падна во рацете на Талибанците во август оваа година, Британија и другите земји итно евакуираа илјадници Авганистанци. Талибанската влада особено го ограничува образованието и слободата на жените, па стотици спортистки ја напуштија земјата од страв за својата безбедност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

„Многу од овие семејства ги напуштија своите домови кога Талибанците ја презедоа власта. Нивните куќи беа запалени. Некои од членовите на нивните семејства се убиени или киндапирани од Талибанците. Значи, опасноста и нивото на стрес биле многу високи и затоа за нив беше многу важно да го напуштат Авганистан“, изјави Калида Попал, поранешна капитенка на авганистанската женска репрезентација која ја предводеше евакуацијата на спортистките.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Хрватска е одговорна за смртта на малата Авганистанка, активистите бараат отпуштања во полицијата

Следно

Уапсени двајца вработени во „Железници Транспорт“ по пријава дека копале криптовалути

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian