Голем пожар во ромски камп во Гренобл каде живеат Македонци и Албанци

1 min read

Попладнево избувна пожар на улицата дес Алие во ромскиот камп во Гренобл, во кој живеат и семејства од Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА од Париз.

За гаснење и спречување на ширењето на пожарот, кој е пријавен нешто по 15 часотсе мобилизираа повеќе пожарникари. Утврден е безбедносен периметар бидејќи пожарникарите стравуваат од експлозија поради присуство на плински боци.

Засега сѐ уште не се познати причините за пожарот.

Во овој камп-дива населба, веќе неколку месеци живеат семејства на бездомници Албанци и Македонци. Тие чекаат да им се потврдат барањата за азил, во исклучително тешки услови за живот. Градското собрание формираше екипи за да се обиде да им помогне.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мајкл Медсен се приклучува на тимот на „Јужен Ветар“ во новата сезона од серијата

Следно

ВИДЕО: Блуд, сатанизација, чипови, роботи, хаос – еве во кои заговори веруваат македонските антиваксери

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian