ФОТО | Сите очи вперени во Лејди Гага: Што се случува со нејзиното лице?

1 min read

Сите очи се вперени во Лејди Гага која периодов го промовира нејзиното најново филмско остварување „House of Gucci“. Имено, неодамна се појави во Лос Анџелес на премиерата на филмот и за таа свечена пригода носеше гламурозен сребрен фустан истакнувајќи го нејзиното деколте.

Навреда, ривалски потег или само инает: Лејди Гага носеше „Haus of Versace“ фустан на премиерата на „House of Gucci“ во Милано

35-годишната пејачка и актерка носеше блескав фустан без прерамки, дијамантски обетки кои совршено ѝ одговараа со кратката плава коса и многу впечатлива шминка на лицето.

На премиерата во Лос Анџелес присуствуваа и Адам Драјвер, Ал Пачино, Џаред Лето и легендарниот режисер на филмот Ридли Скот, а Гага доби огромни пофалби за нејзината улога во филмот.

Ѕвездата несомнено ја воодушевува публиката со своите тоалети на црвениот тепих, но, сега отвори и прашања за нејзиниот изглед, особено нејзиното лице.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

Екстремно нагласени јаболчици и пополната уста. Па оттука многумина се прашуваат, дали е можно и Гага да посегнала по ботокс и филери?

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Турција ѝ предаде дипломатска нота на Бугарија поради инспекциите на автобусите на бугарско-турската граница

Следно

ВИДЕО | Голем пожар во зграда во центaрот на Париз

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian