Селма Хајек во петокот достигна нова пресвртница во својата долгогодишна кариера добивајќи ја посакуваната ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. Актерката позираше во прекрасен црн фустан во неверојатно деколте.
На свеченоста ѝ се придружија нејзиниот сопруг Франсоа Анри Пино и нивната ќерка Валентина Палома.
View this post on Instagram
Честа ѝ ја оддаде актерот и комичар Адам Сендлер и режисерката на неодамна објавениот игран филм на Марвел „Eternals“, Клои Жао. На свеченоста присуствуваше и градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсети.
Ѕвездата на филмот „Frida“ својот изглед го комплетираше со црни високи потпетици, пуштена кафена коса, пристоен накит и беспрекорна шминка.
View this post on Instagram
„Сите мои драги обожаватели, ако се прашувате што ми даде храброст да останам, велам дека тоа бевте вие, бидејќи иако не ме познаваа овде во Холивуд, сите Латиноамериканци во САД знаеја која сум. Сфатија дека дојдов овде со исти соништа како нив“, им порачал Мексиканката на своите фанови.
„Се сеќавам дека студиото многупати ми кажа: „Зошто не се вратиш на теленовелите? Никогаш нема да добиеш работа овде“. Останав поради љубовта кон филмот“, додаде Селма присетувајќи се на тешките моменти на адаптација на животот во Америка откако се преселила од Мексико во САД.
Извор: www.slobodenpecat.mk