Естонија поставува ограда на границите со Русија

1 min read

Естонските вооружени сили со помош на полицијата и граничната служба започнаа со изградба на привремени огради долж источните граници на земјата со Русија, кои ќе претставуваат заштита од можни масовни бранови на миграција.

„Досега миграцискиот притисок врз Естонија не е зголемен, но доколку дојде до промена, брзата изградба на привремени бариери ќе игра значајна улога во спречувањето на масовната илегална миграција”, рече Егерт Белишев, службеник на естонската граница.

Како што пренесува агенцијата ТАСС, започнато е поставувањето на привремени бариери на североисточните и југоисточните граници на Естонија со Русија.

На 17 ноември, Владата на Естонија одлучи да покани 1.684 воени резервисти на вонредни вежби за изградба на привремени бариери долж границите.

Според естонскиот министер за одбрана Кале Ланет, Министерството ќе постави 130 километри бодликава жица долж источната граница на земјата за да спречи „хибридна закана”.

Мигрантската криза на белоруските граници со членките на Европската унија ескалираше на 8 ноември, кога неколку илјади луѓе се приближија до полската граница од белоруска страна и се обидоа да преминат во Полска.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Софија Уриста уринираше врз еден фан: Пејачката се извини за своето бизарно однесување

Следно

Перез не се откажува од Суперлигата: Мора да ја потсетиме УЕФА кој е Реал Мадрид

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian