Заканите кон словенечките политичари ќе се гонат по службена должност

2 mins read

Заканите кон врвните словенечки политичари во иднина ќе се гонат по службена должност, а не на барање на оштетената страна како досега, но ваквата одлука на парламентот со гласовите на владејачките партии наиде на критики од опозицијата и предизвика лавина правните дилеми.

-На овој начин се враќаме 50 или повеќе години наназад, во времето кога таквите закони ги штитеа највисоките претставници на тогашната држава, што според мене е погрешно, изјави за ПОП-ТВ Томаж Час, правник и професор по политички науки.

Според важечките прописи, лицето кон кое биле упатени заканите или кои ги доживеало како такви, требало да оцени дали се работи за сериозна закана, без разлика дали се работи за политичар и заштитено лице или за обичен граѓанин.

Сега истрагата и гонењето автоматски им се доделува како задача на полицијата и обвинителството затоа што заканите кон највисоките претставници на државата се сметаат за тешко кривично дело, за што се изрекуваат строги санкции.

За ваквите измени најмногу се залагаше партијата на премиерот Јанез Јанша.

Сето тоа ескалира откако неколку истакнати лидери на владејачката коалиција, вклучувајќи го и самиот Јанша, миан тиот месец добија заканувачки писма во кои ним и на членовите на семејството им беа испратени куршуми од пушка.

Полицијата тогаш формираше посебна група за справување со случајот, но авторот или авторите на заканите се уште не се идентификувани.

Опозицијата гласаше против измените, потенцирајќи дека е против какво било насилство, но дека ваквата законска измена е уставно спорна затоа што во постапката ги издвојува политичарите и заштитените лица и го нарушува принципот на еднаквост пред законот.

„Целта на владејачката партија е на овој начин да ги дисциплинира граѓаните и да ја загрози слободата на јавен говор и критиката на власта”, образложија опозициските претставници и го обвинија премиерот Јанша за автократско владеење, но и за токсичен јавен дискурс и комуникација

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Ова ретко се гледа – и двајцата борци завршија на подот, нокаутирани!

Следно

Изложба од Младинската керамичка работилница и чествување на Блаже Конески во Кичево

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian