Во Холандија забранет огнометот за новогодишната ноќ

1 min read

Холандската влада најави дека втора година по ред ќе го забрани традиционалниот огномет за новогодишната ноќ, за болниците да не бидат дополнително оптоварени поради можни повреди од употреба на пиротехнички средства.

Холанѓаните на новогодишната ноќ обично организираат огномет на улиците или градините, што е популарна практика, но често е пропратена со здобивање на повреди.

Како и минатата година, за Нова година ќе биде забранета продажба на пиротехнички средства и организирање огномет“, се вели во соопштението на Владата.

Забраната се однесува на граѓаните, додека различни заедници како општините ќе можат да организираат огномет, но само со помош на експерти за пиротехника.

Забраната има за цел да „избегне дополнителен притисок“ врз здравствените установи и полицијата која го обезбедува јавниот ред, соопшти холандската влада.

Во Холандија од минатата недела важат построги мерки против епидемијата на коронавирус, кои ќе важат до 4 декември.

Баровите, рестораните и продавниците за храна се затвораат во 20 часот, а продавниците за храна два часа порано.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Jелена Ѓоковиќ откри интимните детали од бракот: Како го заведува Новак?

Следно

Османи: Нема дилема дека ова мнозинство има над 61 пратеник, но да не откривам детали

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian