ВИДЕО ВОДИЧ: Како дома правилно да се тестирате со брз тест за ковид-19

2 mins read

Ако се сомневате дека сте инфицирани со корона или едноставно сакате брза потврда дека сте негативни пред да одите некаде, сигурно брзите антигенски тестови кои се користат во домашни услови се првиот начин на кој ќе се сетите. Домашните тестови за корона во моментов се едни од најбараните производи во аптеките, но и покрај деталните инструкции кои доаѓаат со секој тест, граѓаните честопати не се сигурни како правилно до го направат тестот.

Со оглед на тоа што во средината на четвртиот бран, бројот на заразени постојано расте, потврдите за КОВИД стануваат најважни за нормален живот, а домашните тестови стануваат наше секојдневие, одлучивме да покажеме како на правилен начин да направите брз тест, и истовремено да бидете сигурни дека тестот е правилно направен.

За таа цел отидовме во аптеката Зегин каде што нашата соговорничка Ана Лалевска, вработена во лабораторијата Зегин Медика, инаку дипломиран инжињер по биологија, на самото место ни покажа како се одвива процедурата.

– Тестот треба да биде на собна температура десетина минути пред употреба. Во кутијата која се продава за 299 денари има стапче за земање брис, лента за тестот, реагенс и пластична епрувета во која треба да се стави брисот. Резултатот треба да го прочитате во следните десет минути. Петнаесет минути по земањето на брисот, тестот веќе е невалиден. Горниот дел од реагенсот се крши и се става во епруветата. Епруветата потоа се става на страна. Брисот се отвора и се држи само за пластичниот дел, на тој начин внимаваме на стерилноста. За да биде тестот веродостоен треба да се земе од внатрешноста на двете носни шуплини, што може да биде малку непријатно. Така земениот брис се става во епруветата и десетина секунди се врти со кружни движења, по што се затвора, а за тоа време го отвораме тестот. На означениот дел се ставаат три капки. Доколку се појават две линии тоа значи дека пациентот е позитивен на ковид-19, доколку се појави само една линија тестот е негативен. Доколку пак не се појави ниту една лонија, тоа значи дека тестот не е валиден. Невалиден е тестот и доколку има линија во Т- зоната, а не во контролната зона, објаснува Лалевска.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бајден бара заеднички јазик со Трудо и Обрадор, напнатоста останува

Следно

ВИДЕО | Готвиме со Маја: Крцкава тава со зеленчук

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian