Вардар 1961 никако да им се врати на победите, се наоѓа во лоша серија од четири последователни порази во Лигата на шампионите.
После секое коло во изборот на ЕХФтв се објавуваат најдобрите пет одбрани на колото, а во најновиот избор се наоѓа македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски.
Нашиот чувар на мрежата имаше уште една добра партија забележувајќи вкупно 13 одбрани.
Токму една од нив се наоѓа и во Топ 5 одбрани на колото во ЛШ, поточно се наоѓа на петтата позиција.
Во следното осмо коло Вардар 1961 повторно ќе игра против Пик Сегед овојпат на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје на 25 ноември.