ВИДЕО: Локдаун во Германија нема да има, но ќе има заострување на правилата за невакцинираните, во Британија вакцинацијата оди со одлично темпо

2 mins read

Во Германија бројките на заразени се во постојан пораст, а инциденцата е голема. Стапката на вакцинираност со две дози е околу 68 отсто.

-Не би рекол дека се доцнеше со вакцинацијата, добро тргнаа, има региони каде што стапката е ниска, според експертите добра е стапката на вакцинираност на околу 75 проценти. Во наредниот период се најавуваат мерки за да се изврши зголемување на вакцинираноста, вели уредникот на ДВ на македонски јазик, Борис Георгиевски за Утрински брифинг.

Се воведуваат нови правила во регионите кои ќе зависат од бројот на заразени.

-Имате 16 покраини и 16 различни сетови на мерки, покраините си го решаваат проблемот, новата влада ги одзете поголемите овластувања кои предвидуваа покраините сами да одлучуваат за локдаун што значи дека Германија не планира да се затвора повторно, вели тој.

Во Германија важат правилата на работното место да се оди со сертификат за вакцинација, негативен ПЦР тест или потврда за прележан ковид. Таму брзите антиген тестови се прават два пати неделно и истите се бесплатни за работниците, вели за УБ, Борис Георгиевски, новинар за ДВ.

Во разговорот се вклучи и новинарката Жанета Скерлев која изјави дека според најновите информации Британија го држи седмото највисоко место по смртност и број на заразени.

-Сепак изгледа дека мерките кои ги презема Владата на Џонсон дава некои резултати. Лошата вест е што се покачува бројот на заразазени се покачува, но добрата вест е што бројот на смртност опаѓа, вели Скерлев.

Проследете го целиот разговор во видеото

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Како Ким Кардашијан „спаси“ фудбалски клуб од Авганистан?

Следно

ВИДЕО | Трајчевски, директор на АД ГТЦ: Во нашите објекти не се краде струја

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian