Два руски стратешки бомбардери Ту-95 извршиле десетчасовни летови над неутралните води кај Алјаска, соопшти руското Министерство за одбрана еден ден откако претседателот Владимир Путин се пожали на западните авиони во близина на рускиот воздушен простор, пренесува Ројтерс.
Путин рече дека западните бомбардери носат „многу сериозно оружје“ додека летаат на растојание од 20 километри од руската граница. Во истиот говор тој рече дека Западот не ги сфаќа руските предупредувања доволно сериозно за да не ги премине „црвените линии“.
Тесни односи меѓу Русија и САД
„Два носачи на ракети со долг дострел Ту-95МС извршија планиран лет во воздушниот простор над неутралните води на Беринговиот Теснец, Чукчиското Море и Охотското Море“, се вели во соопштението на руското Министерство.
Веќе лошите односи меѓу Вашингтон и Москва дополнително се влошија во последните неколку недели, бидејќи САД ја обвинуваат Русија дека и се заканува на Украина, а Русија се жали на, како што ги нарекува, провокативните маневри на американските воени бродови во Црното Море.