ВИДЕО: Дански ракометар со „паненка“ постигна неверојатен гол од пенал

1 min read

Данскиот ракометар Бастер Јул (28), играч на Алборг ХБ, го изненади ракометниот свет со мајсторски гол од седмерец, откако изведе пенал со „паненка“ карактеристична за фудбалот.

Во ракометот досега имало многу удари од седум метри над голманот, но ваквиот удар на Јул е навистина неверојатен и ги воодушеви сите.

По првиот лажен удар, Југ го фати голманот на погрешна нога, а потоа топката преку главата на голманот заврши во мрежата.

– Го вежбав тоа на тренинзите кога од шега шутиравме седмерец. Тоа го правев многу пати на тренинзите, имав голема самодоверба и сега решив да го направам тоа во натпревар – рече Јул.

Инаку, Алборг на овој меч оствари убедлива победа од 36:27 против Холстебро.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кал место вода во чешмите во Леуново

Следно

Поддржан предлогот за отповикување на Мило Ѓукановиќ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian