Тешко повредена млада скопјанка откако со возило удрила во три паркирани возила

1 min read

На 18.11.2021 во 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“, патничко возило „цитроен“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(22) с.Сарај, скопско, удрило во три паркирани патнички возила – „пежо“ и „форд фокус“, двете со скопски регистарски ознаки, и „киа“, со кумановски регистарски ознаки.

Притоа, А.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

ФОТО | Тина Тарнер ја тужи 50 години помладата имитаторка затоа што премногу личи на неа!

Следно

Австрија од понеделник воведува целосен карантин за сите граѓани

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian