Теквондистот Додевски освои медал кој носи бодови за олимписката ранг листа

1 min read

Успешно се тргна за македонските теквондисти во походот кон учество на следните Летни олимписки игри кои ќе се одржат во Париз во 2024 година.

Филип Додевски успеа да обезбеди бронзен медал на меѓународниот Г1 турнир „Сараево ОПЕН“ во Босна и Херцеговина кој носи бодови за олимписката ранг листа.

Нашиот натпреварувач оствари две победи над Давид Шимек од Чешка со резултат 9:5, и против Фахит Сбаихи од Јордан (21:15).

Имаше пораз во полуфиналето во исклучително тесна борба од актуелниот медалист од Светско првенство, Иван Шапина од Хрватска (8:6).

Додевски само го продолжи континуитетот на одлични резултати на македонското теквондо на меѓународната сцена.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кржаловски: Петков сака да ги задржи бугарските црвени линии, а отстапките да ги направи Македонија

Следно

Вдоми, не купувај: Тие имаат очи што велат „Благодарам!“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian