Светскиот шампион со 16 кошаркари за натпреварот против Македонија

1 min read

Селекторот на Шпанија Серџо Скариоло ги одбра патниците за Скопје за првиот натпревар од квалификациите за пласман на следното Светско првенство.

Осум кошаркари отпаднаа од комбинација за настап против Македонија, пред почетокот на подготовките на шпанската репрезентација за првиот ФИБА прозорец од квалификациите за Светското првенство.

Скариоло го скрати списокот на 16 играчи, од првичниот на кој се наоѓаа 24 имиња. Од овие 16 италијанскиот стручњак ќе го формира идеалниот тим кој ќе излезе на мегдан во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје наредниот петок.

Шпанија доаѓа во Скопје како светски шампион, а во квалификациската група „Г“, освен „црвената фурија“ и нашата репрезентација, се наоѓаат уште селекциите на Украина и Грузија.

Почнува продажбата на влезниците за натпреварот Македонија – Шпанија

СПИСОК НА ШПАНИЈА –

Виктор Артеага, центар 212 1992 Морабанк Андора

Џонатан Бареиро, крило 203 1997 Уникаха

Дарио Бризуела, бек-шутер 185 1994 Уникаха

Кино Колом, бек 188 1988 АЕК Атина

Алберто Диаз, бек 185 1994 Уникаха

Дани Диез, силно крило 203 1993 Сан Пабло Бургос

Хаиме Фернандез, бек 184 1993 Уникаха

Фран Гуера, центар 214 1992 Тенерифе

Хаби Лопез-Арестеги, крило 201 1997 Валенсија

Жоел Пара, крило 200 2000 Хувентуд

Ориол Паули, крило 201 1994 Морабанк Андора

Дани Перез, бек 186 1990 Манреса

Хаиме Прадиља, центар 205 2001 Валенсија

Мигел Салво, крило 205 1994 Гран Канарија

Хуан Састре, крило 201 1991 Тенерифе

Јанкуба Сима, центар 211 1996 Манреса

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Корнхаузер-Дуда: Ги охрабрувам лицата кои не се вакцинирани, да се вакцинираат

Следно

Загрижувачка прогноза на имунолозите: До пролет ќе има варијанта на коронавирусот целосно отпорна на вакцина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian