Поддржан предлогот за отповикување на Мило Ѓукановиќ

1 min read

Собранието на Црна Гора го усвои предлогот за поведување постапка за утврдување на обвинението дали претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, го прекршил Уставот поради постапките во Цетиње при устоличувањето на владиката Јоаникије.

Претседателот на Парламентот на Црна Гора, Алекса Бечиќ, најави дека ќе испрати предлог до Уставниот суд, со цел судот да се произнесе дали шефот на државата го прекршил највисокиот правен акт, јавуваат црногорските медиуми.

Доколку Уставниот суд утврди дека Ѓукановиќ го прекршил Уставот, Собранието може да го смени од претседателската функција.

Предлогот беше изнесен во Собранието врз основа на иницијативата на Социјалистичката народна партија. СНП смета дека со изјавите и постапките на Ѓукановиќ во Цетиње на почетокот на септември грубо се прекрши членот 14 од црногорскиот устав кој предвидува дека верските заедници се одвоени од државата, како и дека се еднакви и слободни во вршењето на верските обреди и верските работи.

Како што претходно објасни Владимир Јоковиќ, лидерот на СНП, претседеателот Мило Ѓукановиќ со своите изјави неколку пати го прекршил Уставот на Црна Гора затоа што повикал да се спречи изразување на верски чувства, што е загарантирано со врховниот правен акт.

„Ѓукановиќ, исто така, поттикна да се спречи верскиот обред на устоличување на митрополитот, кој се одржува со векови“, изјави Јоковиќ .

Пратениците со 41 глас за и 36 против го усвоија предлогот за поведување постапка за утврдувањето дали  претседателот на Црна Гора го прекршил уставот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Дански ракометар со „паненка“ постигна неверојатен гол од пенал

Следно

ФОТО | Лаги и тајни со д-р Горан: Сакаше да имаме уште едно дете, а јас пиев…

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian