Макрон: Британците си играат со нашите нерви

1 min read

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја повика Велика Британија да ги исполни своите обврски во однос на дозволите за риболов по Брегзит.

Според него, Франција нема да попушти за ова прашање и обвини дека Лондон „си игра со француските нерви”.

-Не го добивме тоа што го сакавме. Тие си играат со нашите нерви, им рече Макрон на новинарите за време на посетата на северна Франција, пренесоа британските медиуми.

Франција и вели Британија се расправаат околу бројот на дозволи што Лондон им ги додели на француските рибарски бродови по излегувањето на Велика Британија од Европската унија.

Франција наведува дека многу рибарски бродови ловат риба без дозволи, додека Лондон тврди дека го почитува договорот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Лаги и тајни со д-р Горан: Сакаше да имаме уште едно дете, а јас пиев…

Следно

Лесна и убедлива победа на Металург против Скопје 2020

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian