Македонија напредуваше за седум позиции на ФИФА ранг листата

1 min read

Македонија со победите во последните два натпревари од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар, скокна за седум места на најновата ФИФА ранг листа.

Нашите најдобри фудбалери овој месец во Ереван убедливо славеше над Ерменија со 0:5, па три дена подоцна во Скопје со триумфот над Исланд од 3:1 го обезбеди мундијалскиот бараж.

Кога има добри резултати, победи, има и напредок на ФИФА листата, па така моментно Македонија е на 67 место со 1367, 23 поени, веднаш зад Албанија, а пред Јужна Африка.

На врвот останува Белгија со 1828,45 поени, пред Бразил (1825,35), а третопласирана е Франција (1786,15).

Во првата „десетка“ се наоѓаат уште Англија, Аргентина, Италија, Шпанија, Португалија, Данска и Холандија. Целосната ФИФА ранг листа можете да ја погледнете ТУКА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Совет на Амбасадори: Република Северна Македонија непотребно стана дел на предизборната кампања во Бугарија

Следно

Словенија засега не воведува нови рестриктивни мерки, но препорачува работа од дома

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian