Костовски: Шеесет вработени лица во Општина Бутел нема да бидат во работен однос, со години не доаѓале на работа

1 min read

Од понеделник шеесет вработени лица во Општина Бутел повеќе нема да бидат во работен однос, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски.

-Од понеделник шеесет вработени лица во Општина Бутел повеќе нема да бидат во работен однос, голем дел од овие вработени, поточно триесетина лица воопшто се немаат појавено на своето работно место со години, дел се појавувале повремено, додека пак дел биле редовни но немале буквално никакви работни задачи. Секако за ова доказ е системот за евиденција на работно време.

Без никаква етничка, верска или политичка разлика, по моја добра анализа еден мал дел имале конкретни работни задачи при што увидов дека истите лица имаат желба за работа и токму затоа договорите за работен однос ќе им бидат продолжени.
За да појаснам станува збор за вработени лица со договор за работа на определено време, договорот на овие лица официјално завршува утре на 20.11.2021 година.

Општина Бутел не смее да биде заложник на вакви нити пак слични ситуации во иднина, потрошени се премногу средства сосема непотребно, средства со кои можело да се направат голем број проекти за добро на граѓаните, стои во неговиот пост на Фејсбук.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЕМА го препорача лекот на Мерк за лица со ризик од тешка форма на Ковид-19

Следно

ВИДЕО: Ова ретко се гледа – и двајцата борци завршија на подот, нокаутирани!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian