Како Ким Кардашијан „спаси“ фудбалски клуб од Авганистан?

1 min read

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан деновиве е тема на странските медиуми бидејќи учествуваше во „извлекувањето“ на женски фудбалски тим од Авганистан, земја која во август годинава повторно падна под талибанска власт.

Ким, која успеа да изгради империја од нејзиното име во текот на претходната деценија, го искористи влијанието и моќта што ја стекна овој пат за да им помогне на девојките.

Имено, таа финансирала изнајмување на авион во кој биле сместени над 30 тинејџерки со нивните семејства, а станува збор за членови на женски фудбалски тим од Авганистан.

Во авионот кој безбедно слета на едно пристаниште во Лондон имало вкупно околу 130 луѓе.

Непрофитната американска организација „Тзедек“ ѝ помогна на авганистанската екипа, а нивниот основач, рабинот Моше Маргаретн, претходно соработувал со ријалити ѕвездата во врска со реформите на казнениот систем во САД. Овој пат повторно и се обратил за да им помогне и да плати изнајмен авион за да ги превезе во Обединетото Кралство.

„По само еден час од нашиот повик за Зум, добив СМС во која пишуваше дека Ким сака да го финансира тој лет“, откри рабинот.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 19 ноември: Денес ве очекуваат многу позитивни промени

Следно

ВИДЕО: Локдаун во Германија нема да има, но ќе има заострување на правилата за невакцинираните, во Британија вакцинацијата оди со одлично темпо

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian