И жените сакаат да изневеруваат: Близнаците најуспешни прељубнички, Скорпиите изневеруваат од одмазда

5 mins read

Неверството е болна тема на емотивните и партнерските односи, а астролозите тврдат дека постојат знаци од Зодијакот кои се верни и лојални, но и оние кои се способни да живеат „двоен живот“.

Некои изневеруваат од чиста љубопитност, некои за да бидат во центарот на вниманието и да го „нахранат“ егото, а некои само за да „поиграат малку“.

Овен – Тие се обидуваат да се воздржат од неверство, но колку и да се трудат, на крајот, сепак, попуштаат под притисок. Тие изневеруваат во оној момент кога во врската ќе завладее монотонија, но исто така, лесно се откриваат. Овните се нескротливи, и како такви треба да ги прифатите.

Бик – Биковите кои сакаат секс, стануваат зависни од него. Или се страсни или се целосно незаинтересирани. Поголемиот број од нив изневеруваат кога целосно ќе созреат. Сепак, во споредба со другите, Биковите се најверни и со нив сте најсигурни.

Близнаци – Речиси никој не е способен успешно да изврши неверство како Близнаците. Тие внимаваат на секој детаљ и чекор, на секој момент, за да не ги откријат. Лесно се впуштаат во неверство, а најчесто во тој нивен чин ги вплеткуваат и своите пријатели кои ги прикриваат. Ретко кој успева да ги одвои емоциите и страста како Близнаците.

Рак – Луѓето родени во овој знак, едноставно обожаваат пари. Па така, се додека имате пари, можете да бидете сигурни во верноста на партнерот. Тие се грижат само за себе, а единствено што сакаат повеќе од себе се децата.

Лав – Огнениот знак Лав поседува силна сексуалност. Врската или бракот нема да ги смири, без разлика на партнерот или љубовта која владее. Нив едноставно ги привлекува помислата на опасноста од неверство. Тие не можат да го контролираат адреналинот, па едноставно се препуштаат на страста.

Девица – Верноста им е поважна од се, но доколку се незадоволни од врската, може да се впуштат во неверство. Сепак, лесно можат да се откријат, бидејќи постојано ќе го критикуваат партнерот. Тие не остануваат само на едно неверство и на еден партнер.

Вага – Вагите го обожаваат флертот и постојано флертуваат. Се забележува дека изневеруваат кога драстично ќе почнат да го менуваат мислењето и вниманието околу својот изглед. Неверството нема да го признаат.

Скорпија – Скорпиите се обидуваат да се контролираат, но кога на другата страна стои силна и убава личност, сета нивна сила паѓа во вода. Нивните одлуки често се водени од страстите, а не од разумот, па лесно е можно Скорпијата, понесена од моментот, да се впушти во вонбрачна врска. Сепак, за неа тоа е само физичка измама, па Скорпиите нема да имаат грижа на совеста, бидејќи ќе се погрижат партнерот никогаш да не дознае.

Склони се и на одмазднички измами, а бидејќи се самоуништувачки (автодеструктивни), па ќе се уништат и себеси само за да го повредат партнерот.

Стрелец – За нив сексуалноста е како рекреација. Во ништо не постојат ограничувања и граници, па ако некој им ги наметне, таа личност станува минато. Сакаат се што е забрането, а кога љубовта ќе ја снема, не се трудат многу да ја вратат.

Јарец – Не се склони кон авантури и неверства, туку на големо заговараат верност. Сепак, во случај на алкохол, може да дојде до изневерување на партнерот.

Водолија – Никако не смеете да дозволите во нивниот живот да навлезе монотонијата. Сакаат да се забавуваат, имаат слободен дух и секој околу себе го сметаат за пријател. Авантурата е составен дел од животот, а доколку Водолијата покрај вас е мирна и тивка, тоа значи дека повеќе не сте интересни и за брзо време ќе тргне во авантура.

Риби – Тие сакаат да изневеруваат во тајност. Се претставуваат како невини и чисти, но длабоко во себе се неверни. Ниту самите не знаат што им треба и што сакаат.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Словенија засега не воведува нови рестриктивни мерки, но препорачува работа од дома

Следно

Се гради ново училиште во општина Илинден

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian