Старлетата Ким Кардашијан(41) и актерот и комичар Пит Дејвидсон (28) официјално се во врска, дознава „Пејџ сикс“.
View this post on Instagram
Веста за нивната романса доаѓа по неколку неделни шпекулации и состаноци во Њујорк и Лос Анџелес за кои сега знаеме дека биле од романтичен карактер.
Дејвидсон отпатува во Калифорнија на неговиот роденден и помина време со познатото семејство во на вилата на мајката на Ким, Крис Џенер. Фотографиите, исто така, послужија како средство за промовирање на пижамите на Кардашијан.
View this post on Instagram
Кардашијан и Дејвидсон првпат беа забележани како се држат за рака во забавен парк на 29 октомври, непосредно по нивниот настап за „SNL“ – каде што парот сподели бакнеж за време на скеч.
„Пејџ сикс“ откри дека актерот последователно ја однел Ким на приватна вечера. Потоа Ким го донесе Дејвидсон како нејзин придружник на роденденската забава.
Додека Ким е зафатена со Дејвидсон, нејзиниот поранешене сопруг Канје Вест се забавува со моделот Винетриа.
ФОТОГАЛЕРИЈА | Кој е Пит Дејвидсон, новата „љубов“ на Ким Кардашијан: Заведе куп светски убавици
Извор: www.slobodenpecat.mk