ФОТО | Тина Тарнер ја тужи 50 години помладата имитаторка затоа што премногу личи на неа!

3 mins read

Адвокатите на музичката дива Тина Тарнер (81) ја тужеа германската компанија „Кофо ентертејмент“, бидејќи во нивниот мјузикл „Simply the best – The Tina Turner Story“ игра жена која премногу наликува на легендарната пејачка.

Застапниците на Тарнер веруваат дека имитаторката Доротеа Коко Флечер, која е специјализирана за имитации на Тина Тарнер, толку многу личи на нивната клиентка, што гледачите би можеле да помислат дека таа лично учествува во продукцијата. Постерот кој го најавувал нејзиното појавување бил спорен, а адвокатите не се откажале од тужбата ниту откако организаторите ги смениле плакатите.

Регионалниот суд во Келн веќе пресуди во корист на Тарнер, но по поднесената жалба, Високиот регионален суд во истиот град ја укина таа пресуда, па целиот процес беше префрлен на Сојузниот суд на правдата, кој ќе ја донесе конечната одлука .

Адвокатот на познатата пејачка изјавил дека Тина треба да одлучува кога и на кој начин ќе се користи нејзиното име и прашала дали користењето на ликот и делото на Тина Тарнер во овој случај е користено за уметнички цели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vasti Jackson (@vasteyejxn)

Коко Флечер, меѓутоа, смета дека е „бесмислено“ да се мисли дека некој би можел да ја помеша со Тина Тарнер, бидејќи таа има 30 години.

„Никогаш не мислев дека нашата почит кон Тина ќе предизвика толкав хаос, но од друга страна, тоа значи дека правиме нешто како што треба“, рекла Коко во гостувањето во една емисија.

Интересно е што Коко својата кариера ја започнала со настап во Лас Вегас имитирајќи ја Витни Хјустон, но подоцна одлучила дека сака да ја имитира својата „хероина“ Тина.

„Многу е забавно да се настапува како Тина Тарнер. Го сакам она што таа го претставува на сцената, таа сирова енергија. Таа дава се од себе“, рекла Коко.
Имитаторката, која никогаш не ја гледала Тина во живо, вели дека „западнала во неволја“ кога во Велика Британија гостувал мјузиклот „Simple The Best“, во кој таа игра.

Инаку, „Кофо ентертејмент“ претставува имитатори на познати изведувачи, како Елвис Присли, „Битлси“ и Френк Синатра.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мицкоски: Секој кој се огрешил ќе одговара, каква амнестија какви бакрачи

Следно

Тешко повредена млада скопјанка откако со возило удрила во три паркирани возила

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian