Белгија воведува задолжителна вакцинација

1 min read

Откако Австрија најави дека од февруари ќе воведе задолжителна вакцинација, се огласи и Белгија.

Белгија неделава воведе нови строги мерки, вклучително и задолжителна работа од дома четири дена во неделата, пренесува Политико.

Строги мерки воведува и Германија која се соочува со рекорден број заразени. Во некои германски градови откажани се и божиќните саеми.

Белгија веќе воведе задолжителна вакцинација на вработените во здравството. Оние кои не се вакцинирани до почетокот на јануари се суспендирани од работа, а оние кои нема да се вакцинираат по 1 април ќе останат без работа.

Здравствените работници веќе најавија штрајкови поради мерката, но владата тврди дека нема друго решение бидејќи премногу здравствени работници се веќе на боледување или во самоизолација.

Белгискиот вицепремиер од редовите на Зелените, Петра Де Соутер, изјави дека Белгија „треба да биде искрена и да отвори дебата за задолжителната вакцинација“.

Владата наведува дека задолжителната вакцинација е начин да се избегне сценариото за исклучување на невакцинираните лица од општествениот живот.

Сега за воведување на таа обврска се залага и министерот за здравство Френк Ванденброк, кој претходно изјави дека задолжителната вакцинација е само „теоретска можност“.

Белгија троши повеќе од 25 милиони евра неделно на тестирање, а еден тест е двојно поскап од најскапата вакцина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Претрес во скопско, во нелегална импровизирана работилница запленет над 1 тон тутун

Следно

Совет на Амбасадори: Република Северна Македонија непотребно стана дел на предизборната кампања во Бугарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian