После репрезентативните обврски, Енис Барди повторно настапува за Леванте во најсилното шпанско првенство. Вечерва во рамките од 14 коло Леванте на домашен терен ремизираше без голови (0:0) со Атлетик Билбао.
Македонскиот репрезентативец Барди беше стартер кај домаќините и настапи до 73 минута кога беше заменет од Д. Гомез.
Леванте останува единствениот оваа сезона во „Ла Лига“ без триумф, односно се наоѓа на претпоследното 19 место со седум бодови.
Атлетик Билбао веќе четврти натпревар по ред не знае за победа, се наоѓа на седмото место со 19 бодови, колку што има и Осасуна на осмата позиција.
Во следното коло Леванте на 28 ноември ќе гостува кај екипата на Бетис.