Арсовска ја назначи Бујаре Абази за заменик-градоначалничка 19.11.2021

1 min read

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ја назначи Бујаре Абази за нова заменик- градоначалничка на Скопје.

Арсовска денеска свечено го врачи решението, при што на средбата со Абази дискутираа за идната соработка и за предизвиците со кои се соочува Градот.

Бујаре Абази е дипломиран инженер на Факултетот за комуникациски науки во Загреб, а има и дополнително високо образование како дипломиран економист.

Абази е избрана за член на Советот на Град Скопје на локалните избори што се одржаа во октомври 2021 година.

 

https://skopje.gov.mk

Претходно

ФОТО | 100 дена поминати на ГАК: Бебето од 790 грама денес е темпераментно и среќно прваче

Следно

Закони кои го менуваат животот: Станете СРЕЌНИ ВО 3 ЧЕКОРИ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian