Акција за садење дрвца во сите 11 градинки во општина Аеродром

1 min read

Во пресрет на утрешниот „Светски ден на детето“ во сите 11 градинки на територијата на Општина Аеродром се одржа еколошка акција во соработка со општествено-одговорната компанија „Цветан Димов“.

Акцијата беше целосно поддржана од вработените во градинките кои заедно со најмладите помогнаа во поставувањето на садниците, а присуствуваше и градоначалникто на општина Аеродром Тимчо Муцунски. 

-Децата уште од својата најрана возраст треба да бидат вклучени во сите слични иницијативи, со цел да научат за важноста од чувањето на животната средина. Оваа денешна акција претставува само почеток на една иницијатива која редовно ќе се одржува и преку која сите ние ќе придонесеме за една зелена и здрава животна средина, порача Муцунски. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

По шестгодишна пауза, Адел објави нов албум: Слушнете ги сите нови песни

Следно

ВИДЕО: Два руски бомбардери десет часа летале над неутралните води кај Алјаска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian