ВИДЕО | Оваа вила се продава за половина милијарда евра, еден детаљ ја прави посебна

3 mins read

Во потрага сте по раскошна резиденција во Рим и имате половина милијарда евра вишок кој сакате да го потрошите? Повеќе не мора да барате: се продава „Вила Аурора“, недвижен имот и уметнички скапоцен камен во главниот град на Италија.

Имотот што се протега на 2.800 квадратни метри вклучува и раскошна градина. Таму се наоѓа единствениот познат мурал на таванот, насликан од италијанскиот барокен уметник Микеланџело Мериса, попознат како Караваџо.

Вилата е единственото нешто што останало од селското одморалиште основано во 16 век од кардиналот Франческо Марија Дел Монте и подоцна е продадено на сегашните сопственици, благородното семејство Лудовиси.

Ќе се најде на аукција на 18 јануари со почетна цена од 471 милион евра.

По спорот околу наследството кое се одолговлекува, сопствениците решиле да го продадат, а една од сопственичките на имотот е третата сопруга на поранешниот сопственик, принцот Николо Бонкомпањи Лудовиси. Спорот започнал во 2018 година по смртта на принцот.

File:Nicolò Boncompagni Ludovisi and Rita Jenrette.jpg

Фото: Твитер/Принтскрин

Принцезата Рита Бонкомпањи Лудовиси, која е родена и израсната во Тексас, но живее во вилата 18 години, изјави за Ројтерс дека за купување на имотот своевремено биле заинтересирани ко-основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс и емирот на Катар.

„Само се молам и се надевам дека купецот ќе ја сака исто како и ние“, рекла таа со растреперен глас кој скршил од емоции.

Во 1597 година, кардиналот Дел Монте, дипломат и покровител на уметноста, нарачал од Караваџо, тогаш во раните дваесетти години, да го наслика таванот на една мала соба на првиот кат, која ја користел како своја алхемиска лабораторија.

Муралот широк 2,75 метри е насликан со масло директно на малтерот и прикажува алегорична сцена на претворање на оловото во злато и боговите на Јупитер, Нептун и Плутон.

Караваџо ги насликал тројцата богови по моделот на сопствената фигура. Вредноста на самиот мурал се проценува на 310 милиони евра.

Вилата е именувана по фреска на друг барокен уметник, Ил Гуерчино. Го краси огромен дел од таванот на влезниот хол и ја прикажува Аурора, божицата на зората, како јава во нејзината кочија.

Заштитена со високи ѕидови, вилата се наоѓа во близина на познатата римска улица Венето, каде во 1960 година е снимен филмот „Долче вита“ (La Dolce Vita) на Федерико Фелини.

„Вила Аурора“ е полна со скулптури, антиквитети и статуи, вклучително и статуа на Пан, чија изработка му се припишува на ренесансниот мајстор Микеланџело.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зверев си закажа полуфинална пресметка со Ѓоковиќ

Следно

Белоруски медиуми тврдат дека мигрантите ја напуштаат границата меѓу Белорусија и Полска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian