ВИДЕО: Насилни протести против ковид мерките во Братислава, двајца полицајци повредени, девет уапсени

1 min read

Двајца полицајци биле повредени со пиротехнички средства, а девет демонстранти биле уапсени во главниот град на Словачка за време на протестите против владините антиепидемиски мерки, пренесува Словак Репортер.

Во Чешка и Словачка, среда беше национален празник по повод 32-годишнината од студентските протести кои во 1989 година ја започнаа Кадифената револуција против комунистичкиот режим.

Наместо вообичаената прослава, луѓето излегоа на улиците да протестираат против потезите на владата за борба против ширењето на епидемијата на ковид-19, барајќи крај на „диктатурата на коронавирусот“, собирајќи се пред зградата на владата и другите државни институции во Братислава.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Лисиче денеска ќе се садат дрвца во чест на жртвите од сообраќајки

Следно

ВИДЕО | Дали новите мерки ќе доведат до отпуштања од работа, разговор со Цветковски од ССМ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian