СДСМ: Мицкоски почна да промовира проекти на СДСМ

1 min read

Христијан Мицкоски почна да се фали со проекти на СДСМ и тие проекти јавно да ги промовира, соопштија денеска од Центарот за комуникации на СДСМ осврнувајќи се на посетата на лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ на Општина Гази Баба.

Еден од нив е и проектот за фекална канализација во населеното место Страчинци во општина Гази Баба со кој Мицкоски денеска се фалеше, проект кој е осмислен и буџетиран од претходниот градоначалник Борис Георгиевски, стои во соопштението.

Од СДСМ велат дека на Мицкоски кој нема идеи, проекти, програма и визија, кој знае само да шири лажни вести и деструкции, не му останува ништо друго освен да промовира проекти сработени од СДСМ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Грац ја доби првата градоначалничка од Комунистичката партија

Следно

Адеми: Горд и среќен сум, баражот е голема работа за Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian