Регионот „се гуши“ вечерва – од цела Европа, само Балканот е во „црвено“ со аерозагадувањето

1 min read

Квалитетот на воздухот вечерва во поголемиот дел од Балканскиот Полуостров е многу лош, а концентрациите на штетни честички во воздухот насекаде низ балканските земји се над максимално дозволените, покажуваат податоците на една од најпознатите светски веб-страници кои го следат аерозагадувањето, IQAir.

На мапата на Европа, според податоците кои се прибираат од сите земји, единствено балканските земји се во „црвената“ зона, со загадување неколкукратно повисоко од прагот на којшто тоа почнува да претставува опасност за здравјето.

На врвот на листата на светски метрополи со најлош воздух доминираат индиски, пакистански и кинески градови, но прилично високо „котираат“ и балканските – Скопје вечерва е 20-от најзагаден светски град, а пред него се Сараево, Загреб и Белград.

IQAir загадувањето го мери преку меѓународно прифатениот индекс AQI, кој ги зема предвид концентрациите на ПМ2,5 и ПМ10 честички, како и ветерот, односно влијанието на струењето на воздухот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Евролига: Реал без проблеми против Црвена звезда, Баерн го доби трилерот со Пао

Следно

Божиќ без внуците: Принцот Хари и Меган Маркл ја одбија поканата од Кралицата Елизабета за традиционалниот ручек

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian