„Промените продолжуваат“ ќе има најголема парламентарна група во новото 47. Народно собрание на Бугарија

1 min read

Централната изборна комисија во Бугарија ја одобри распределбата на мандатите во 47. Народно собрание.

Партијата на двајцата поранешни привремени министри, Кирил Петков и Асен Василев „Промените продолжуваат” добива 67 пратенички места и ќе ја има најголемата пратеничка група.

Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, втопропласираната партија на експремиерот Бојко Борисов – ГЕРБ, заедно со својот коалициски партнер СДС ќе имаат 59 пратеници. Движењето за права и слободи ќе има 34 пратеници, Бугарската социјалистичка партија 26, а партијата на ТВ водителот Слави Трифонов „Има таков народ“ ќе има 25, додека „Демократска Бугарија“ – 16 пратеници, а најмал број пратеници ќе има популистичката „Препород“ – 13.

Во недела ЦИК на Бугарија треба да ги соопшти и имињата на новите пратеници.

Дописникот на МИА од Софија потсети дека врз основа на 100 отсто од обработените изборни протоколи „Промените продолжуваат“ освои 25,67 отсто од гласовите на бугарските избирачи, ГЕРБ-СДС – 22,74 отсто, ДПС – 13 отсто, „БСП за Бугарија“ – 10,21 отсто, „Има таков народ“ – 9,52 отсто, „Демократска Бугарија“ – 6,37 отсто и „Препород“ – 4,86 отсто.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Четврти пораз по ред за Вардар во ЛШ, „црвено-црните“ овој пат потклекнаа пред Пик Сегед

Следно

ФОТО | Сања Николиќ за изгледот на ријалити ѕвездите Кардашијан-Џенер: Која е возраста на овие шест дами?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian