Потресна исповед на српската актерка: По породувањето доживеав клиничка смрт

3 mins read

Српската актерка Калина Ковачевиќ (37) раскажала страотни детали од својот живот. По првото породување, Калина доживеала сепса, која предизвикала клиничка смрт, а актерката гостувајќи во една емисија, детално ја раскажала својата борба за живот.

Имено, како што раскажала актерката, три дена по раѓањето на ќерката Миона, Калина доживеала сепса поради инфекција на матката, која предизвикала сериозни последици.

Три дена откако ја родив Миона, добив сепса. Ми се инфицираше матката, шест недели бев во болница. Бебето беше со мене, но во боксот, бидејќи детето не можете да го доите, јас бев на тешки антибиотици. Тоа ми беше многу стресен период во животот. Кога имав клиничка смрт и изреагирав на некој лек, во главата ми помина целиот мој живот низ слики и не се плашев. Ми пројде низ глава што ќе биде со моето дете и потоа повеќе на ништо не се сеќавам. Само се исплашив кој ќе ја формира мојата ќерка како жена и личност – изјавила Калина гостувајќи во една емисија.

Кога се разбудила од кома, животот буквално ѝ почнал од почеток, бидејќи, како што вели, повторно учела да оди. Желбата да оздрави и на Миона да ѝ биде грижлива мајка ја водела низ најтешката борба во животот, исто како што љубовта кон вториот партнер Владимир Рековиќ ја натерала да го победи стравот и да забремени по вторпат.

„Многу жени ме прашуваат како имав храброст за втора бременост. По првата бременост учев да одам, бидејќи прво лежев на одржување на бременоста пет месеци, а потоа бев уште два месеца бев во болница додека се борев со сепсата која го исцрпува целиот организам. Од седуммесечно лежење, ми се создаде вода во колкот, а раната се инфицираше и не можеше да зарасне, едноставно не можев да ги поврзам, лаички кажано, нозете и рацете да ги движам. Одев на вежби. Се сеќавам на аплаузот кога првпат успеав самостојно да го дофатам шишето со вода. Знам што значи да се биде немоќен и затоа го ценам тоа што го имам денес“, рекла Калина и додала дека не сака луѓето да ја доживуваат како слаба личност.

Калина Ковачевиќ зад себе има голем број улоги.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

САД се заканија, претставниците на Република Српска одговорија дека не се плашат од санкции

Следно

Стефковски: Фекална канализација за Страчинци, инвестиција во прва фаза вредна над 5 милиони денари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian