Пипен повторно го пецна „летечкиот“: Џордан ја уништи кошарката, Леброн е најдобриот во историјата

2 mins read

Поранешниот кошаркар на Чикаго булс, Портланд треилблејзерс и Хјустон рокетс, Скоти Пипен во својата автобиографија „Unguarded“ пишува дека Мајкл Џордан ја уништи кошарката бидејќи сакаше целиот тим да работи за него и поради тоа смета дека Леброн Џејмс е најдобар на сите времиња.

Пипен и Џордан се сметаат за најдобриот тандем во историјата на НБА лигата, тие заедно на Чикаго му донесоа шест шампионски титули, но нивниот однос во последните години не е најдобар.

Тоа е јасно видливо по објавените делови од автобиографијата на Пипен. Тој најпрво го критикуваше документарниот филм „Последниот танц“ за кој смета дека е направен не за да се одбележи ерата на доминација на Чикаго булс, туку за да го велича Мајкл Џордан, а сега оди и чекор понатаму.

Ќе одам толку далеку и ќе кажам дека Мајкл ја уништи кошарката. Во 1980-тите години, сите ја додаваа топката, им додаваа на соиграчите за да му помогнат на тимот. Тоа запре во 1990-тите години, децата сакаа да бидат како Мајкл. Но, Мајкл не сакаше да додава, не сакаше да скока, ниту да го чува најдобриот противнички кошаркар. Тоа сакаше сите да работат за него“ пишува Пипен.

Легендарното крило кое неодамна беше избран меѓу 75 најдобри кошаркари во историјата на НБА лигата, оди чекор понатаму и пишува дека „летечкиот“ не е најдобриот играч на сите времиња .

„Затоа верував дека Леброн Џејмс е најголемиот кој некогаш играл кошарка. Тој прави се и го отсликува тоа што навистина е кошарката“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ДКСК со прекршочни глоби за неподнесување Анкетни листови, повеќето за екс-директори

Следно

Девет совети како да се грижите за здравјето на вашите бубрези

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian