Општина Аеродром со јавен повик до граѓанските организации за соработка

1 min read

Со цел ажурирање на општинскиот регистар, за да се утврди колку и какви здруженија и организации гравитираат на нејзината територија или, пак, соработуваат со општинската администрација, Општина Аеродром упатува јавен повик до граѓанските организации за продлабочување и зацврстување на соработката со општината.

За таа цел, од заинтересираните граѓански организации бараат на електронската пошта на општината, [email protected], да испратат порака со податоци за името на организацијата, областа на дејствување, телефонски број и интернет-страница.

На тој начин, како што стои во соопштението, општината ќе добие реална слика за потенцијалот на соработката што може да се оствари, во кој правец треба таа да се развива и како да се насочат заедничките напори во грижата за заедницата и за сите жители на општината.  

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Никој не знае каде е „најтажната принцеза на светот“: Принцот Алберт ја сместил во установа на тајно место

Следно

Нови мерки во Германија: Секојдневно тестирање за вработените, во сила правилото 3Г

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian