Нови мерки во Германија: Секојдневно тестирање за вработените, во сила правилото 3Г

1 min read

Германскиот Бундестаг донесе сет закони за сузбивање на пандемијата на коронавирус и гласаа да не се пролонгира „епидемиолошката состојба од национално значење“ откако официјално ќе истече на 25 ноември.

Таа беше воведена во март 2020 година, како правна основа за германската федерална Влада да може да преземе мерки низ целата земја, како што е воведување ограничувања за патување. Партиите кои треба да ја формираат следната влада предложија нов сет на регулативи кои допрва треба да бидат одобрени од Бундесратот, горниот дом на Парламентот.

Во плановите се и секојдневно тестирање за вработените и посетителите на домовите за стари лица, без разлика дали се вакцинирани или не.

Тие, исто така, вклучуваат правило 3Г (geimpft, genesen, getestet) кое бара од луѓето да покажат докази за целосна вакцинација, прележан вирус или негативен тест за коронавирус.

Сепак, 16 германски покраини ќе можат да задржат и воведат заштитни мерки. Тие вклучуваат ограничување или забрана на рекреативни, културни и спортски настани, забрана за влез во здравствени установи и продажба и јавна потрошувачка на алкохол и затворање на универзитетите.

Мерките нема да вклучуваат затворање училишта, општи ограничувања за патување или задолжителна вакцинација. Новиот закон предвидува воведување строги казни до пет години затвор за фалсификаторите на документи и потврди за коронавирус. Фалсификувањето на потврдите за ковид стана голем проблем во Германија, бидејќи полицијата соопшти дека таквите лажни документи може да се продаваат и до 400 евра.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Општина Аеродром со јавен повик до граѓанските организации за соработка

Следно

Апелација го укина куќниот притвор за Миле Јанакиески

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian